Килијан Мбапе е најскапиот фудбалер во француската Лига 1 според платата која ја зема, а на листата на десеттемина најплатени играчи во Франција, сите се од Пари Сен Жермен, што и не е некое изненадување.
Мбапе има месечна бруто-плата од 6 милиони евра. Второто место го делат Осман Дембеле и Маркињос со по 1,12 милиони месечно, а над милион евра секој месец заработуваат и Лукас Ернандес и Милан Шкринијар.
На пример: во клубот Монако најдобро платен е капитенот Висам Бен Једер со 650.000 евра месечно, а во Ле Авр најскапиот играч прима месечна плата од 105 илјади евра.