23.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

На листата на желби на Барселона за јануари има три имиња

Управата на Барселона заедно со тренерот Чави Ернандес одлучија каталонскиот тим да го засили средниот ред и на списокот на желби се наоѓаат само три имиња.

Весникот „Мундо депортиво“ пишува дека Барселона иако поради проблемите со финансискиот ферплеј има ограничени финансиски средства за трансфери, ќе се обиде уште во јануари да му ја исполни желбата на Чави и да го засили средниот ред.

На списокот на желби се наоѓаат само три имиња и се очекува едно од нив да пристигне на „Камп ноу“, тоа се Мартин Зубименди од Реал Сосиедад, Бруно Гимараиш од Њукасл и Едерсон дос Сантос од Аталанта.

 

Најблиску до дресот на Барселона е Зубименди, кој е голема желба на Чави, а откупната клаузула изнесува 60 милиони евра.

Њукасл за Гимараиш бара 100 милиони евра, додека Аталанта би го продала Едерсон за 40-тина милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести