На Ливерпул или му е пишано да освои титула, или пак ќе има „лизгање“

На многу натпревари сезонава „црвените“ со огромна доза среќа дојдоа до посакуван резултат, а во Англија тоа се толкува како знак од „горе“ дека сезонава на Ливерпул му е пишано да освои титула во Премиер лигата. Има и такви кои мислат дека кога-тогаш среќата ќе му го заврти грбот на тимот на Јирген Клоп и во некој клучен меч ќе се случи некое ново „лизгање“ како она на Стивен Џерард пред пет години, кое ќе значи примен гол и губење на титулата.

Ливерпул сезонава демонстрира квалитет, посветеност и издржливост, а му остануваат уште шест меча за остварување на целта која ја сонува цели 29 години.

Победата над Тотенхем, кога противниците утнаа речиси 100-процентна шанса пред во 90-та минута случајно сами да си дадат гол, како да е знак дека сепак на Ливерпул му е пишано да биде шампион.

Ова не е првпат Ливерпул да биде миленик на Божицата Талија. Во октомври, Ливерпул се извлече дома против Манчестер сити, кога Ријад Марез утна пенал. Во декември, во градското дерби против Евертон, Ливерпул доби подарок од голманот Џордан Пикфорд, кој направи грешка која не може да се објасни пред Ориги да даде гол за победа во 96-тата минута. Во јануари, Ливерпул среќно го совлада Кристал палас со 4-3.

- Оглас -

Најнови вести