20.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

На Ливерпул ќе му фалат головите на Жота: кога тој погодуваше, никогаш не загубија

Португалскиот напаѓач Диого Жота кој трагично го загуби животот на 28-годишна возраст, и статистички многу ќе му недостасува на тимот на Ливерпул, не само поради тоа што беше омилен соиграч кој не се бунеше што најчесто беше резерва.

Жота секако беше во плановите на Арне Слот за следната сезона, а тој им носеше и среќа на Црвените.

Има еден податок кој вели дека кога Жота постигнувал гол во Премиер лигата, Ливерпул никогаш не загубил на тие мечеви. Жота погодувал на 52 различни лигашки мечеви во дресот на Ливерпул, и билансот на Црвените на тие 52 средби е 43 победи и 9 нерешени, а ниту еден пораз.

- Оглас -

Најнови вести