На Ливерпул му е лесно кога Салах е во гол-форма (Видео)

Ливерпул без многу мака стигна до нова победа во првенството на Англија, откако на „Енфилд роуд“ со 2:0 славеше над Брентфорд. Англискиот гигант сега е во групата со Манчестер сити, Арсенал и Брајтон како единствени екипи кои по две кола имаат перфектен учинок во Премиер лигата.

Не требаше долго време за навивачите на Ливерпул да се израдуваат. Луис Дијас погоди за водство од 1:0 и тоа по само 13 минути игра, по додавање на Диого Жота.

Сите дилеми околу победникот беа решени кога по Мохамед Салах погоди за 2:0 во 70 минута и египетскиот репрезентативец потврди дека и во новата сезона ќе биде главен фактор во нападот на Црвените.

- Оглас -

Најнови вести