На Ливерпул му се подготвува пекол во последното коло

Во двата меча против Наполи, европскиот првак Ливерпул освои само еден бод. Токму поради тоа, актуелниот континентален владетел се стави во една незавидна ситуација. Иако Ливерпул е лидер на табелата во групата Е, екипата на Јирген Клоп е во опасност.

Ливерпул моментно има 10 бода, Наполи е со 9, а Салцбург е трет со 7 бодови. Во последното коло, Ливерпул ќе гостува кај Салцбург, а Наполи на свој терен игра против аутсајдерот Генк. Италијанскиот тим со победа во Неапол, сигурно ќе биде во осминафиналето, но што е со мечот кој ќе се игра во Австрија.

Салцбург заостанува три бода зад Ливерпул, но има неверојатна шанса. Тимот кој беше како аутсајдер во оваа група, во последното коло ќе има меч топка на свој терен. Меч против европскиот владетел, на кој со евентуална победа, Салцбург ќе го елиминира Ливерпул.

Доколу Салцбург победи ќе има 10 бода колку и Ливерпул, а ако се знае дека на првиот меч на „Енфилд роуд“ резултатот беше 4:3 за Англичаните, тоа значи дека на Австриците доволно им е било каква победа, освен не со 5:4. Ваквата калкулација значи дека на Ливерпул уште од сега му се подготвува пеколен престој на гостувањето кај Салцбург во мечот кој треба да го даде патникот во осминафиналето.

https://twitter.com/RedBullSalzburg/status/1199809215767941121

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести