На Ливерпул му требаат уште 13 гласа за да ја добие титулата

Ливерпул цели 30 години чека за радост на титула во домашното првенство, а сезонава гигантот од „Енфилд роуд“ имаше сезона за памтење. Тимот на Јирген Клоп во 29 меча има 27 победи, едно реми и само еден пораз и со 82 бода е на плус 25 пред вториот Манчестер сити.

На Ливерпул му беа потребни само уште две победи за и официјално да биде прогласен за првак. Никогаш претходно се немаше случено шампионот во Англија да биде познат уште во март, а Ливерпул на необичен начин испушти шанса да испише историја.

Поради пандемијата со Коронавирусот, првенството во Премиер лигата е прекинато најмалку до 4 април, но неизвесно е дали и тогаш ќе се добие дозвола да играње. Судбината на ова првенство е во рацете на клубовите кои се дел од него. Шефовите на тимовите треба да имаат состанок на кој може да решат да нема продолжување и според моменталната ситуација на табелата титулата да му биде доделена на Ливерпул.

За да биде доделена титулата на Ливерпул, потребно е да гласаат 14 клубови, но сепак тоа е малку веројатно дека ќе се случи. Речиси и нема шанси клубовите кои моментно се во зоната за испаѓање да гласаат да се верификува моментната состојба на табелата, што би значело и нивно испаѓање. И клубовите кои се борат за излез во Европа нема да гласаат да оваа варијанта затоа што дел од нив ќе извисат и нема да се најдат во еврокуповите, а сега имаат шанси тоа да се смени во следните средби.

Друга опција е да се играат плеј-оф и плеј-аут по што треба да бидат познати екипите кои ќе играат во Европа и оние кои ќе испаднат. Калкулации има многу, но уште е рано да се знае која ќе биде крајната варијанта за Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести