0.8 C
Skopje
понеделник, 22 декември 2025

На Ливерпул во последните минути му пропадна трансферот, ѕвездата на Арсенал пристигна во Барселона

Зимскиот преоден рок во најголемиот дел од фудбалска Европа заврши. Крајниот рок за нови играчи најчесто завршува до крајот на јануари. Ливерпул имаше драматичен финиш откако само за неколку минути не успеа да го комплетира трансферот на Фабио Карвањо од Фулам.

Трансферот беше договорен, но немаше време да се подготват сите потребни документи, па Карвањо ќе остане во Фулам, тим за кој во 19 настапи сезонава даде седум гола.

За разлика од Ливерпул, Барселона го фати „последниот воз“ и успеа во последните моменти да го комплетра доаѓањето на Обамејанг. Капитенот на Арсенал пристигна во Барселона и го прослави доаѓањето во каталонскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести