39.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

На Луис Хамилтон му се исполни една стара желба

Националниот конгрес на Бразил одобри на Формула 1 пилотот Луис Хамилтон да му се даде почесно граѓанство на Бразил.

Британецот Хамилтон после победата во ноември на патеката Интерлагос во Сао Пауло, беше предложен од еден конгресмен да стане почесен граѓанин на Бразил. Пилотот на Мерцедес го развеа бразилското знаме додека возеше почесен круг и додека се радуваше на подиумот.

„Немам зборови. Станав почесен граѓанин на Бразил, а тоа е едно од моите омилени места во светот. Ти благодарам Бразил, те сакам, одвај чекам повторно да те видам“ – напиша Хамилтон на Инстаграм.

Фудбалската икона Пеле му честиташе на Луис и додаде дека се радува што Хамилтон станал негов сонародник.

Хамилтон првата титула во кариерата ја освои токму во Бразил во 2008 година во една драматична и контроверзна завршница на трката, а има само три победи таму и тоа во 2016, 2018 и 2021.

- Оглас -

Најнови вести