На Магичните од Орландо ќе им треба магија за победа во вечерашната мајсторка (Фото)

Кливленд кавалирс и Орландо меџик вечерва од 19 часот ќе го одиграат седмиот решавачки натпревар од оваа серија од првото коло на плејофот во НБА лигата и ќе одредат кој од нив ќе се судри со Бостон селтикс во следното коло.

Квотите во Sport Life го фаворизираат домашниот тим, помал е коефициентот за кец отколку за двојка, веројатно затоа што Коњаниците ги добија сите три домашни дуели против Магичните во оваа серија.

Но, разликата постојано паѓаше, првата победа беше со 14, втората со 10, а третата победа со само еден поен разлика, можеби и затоа во Орландо ја чувствуваат својата шанса. Орландо во февруари, во меч од регуларната сезона, победи во Кливленд.

Во Sport Life може да се обложите и број на поени, скокови и асистенции на играчи, како и микс од трите најважни статистички категории. Кај поентерите, хендикеп границата е највисоко поставена кај Донован Мичел, на 28,5 поени. Тој лесно може да оди во плус, даде 50 поени на шестиот меч, но прашање е дали тоа е добро за тимот, бидејќи и со негова 50-ка, Кливленд беше поразен.

- Оглас -

Најнови вести