На Македонија ѝ треба поддршка – За „пеесче“ може да се гледа мечот со Словенија

Само за 50 денари, колку што чини најевтиниот билет, симаптизерите на македонската фудбалска репрезентација ќе можат да го гледаат квалификацискиот меч со Словенија во Скопје на 10 октомври.

За таа сума може да се присуствува на Западната трибина, а најсакапите влезници се за Север и чинат 200 денари. За Јужната трибина ќе бидат пуштени билети по цена од 150 денари.

Продажбата ќе почне од понеделник, 23 септември преку продажната мрежа на „МК Тикетс“, а подоцна ќе се продаваат билети и во Сити Мол и на благајната на националната арена „Тодор Проески“.

Мечот е исклучително значаен за двете репрезентации, особено за Македонија, а победа нè остава во игра во трката за една од двете позиции што водат на ЕП 2020 година.

- Оглас -

Најнови вести