Велс и Македонија во вторник, во Кардиф, ќе играат директен дуел за второто место во групата и место во баражот за пласман на Светското првенство 2026. Иако и двете селекции се уште имаат математички шанси и за првото место, сепак, Белгија на домашен терен го пречекува Лихтенштајн во последното коло и се освен убедлива победа ќе биде првокласна сензација.
Статистичарите пресметаа дека Велс има 58,4% шанси да дојде до второто место во групата, иако за такво нешто потребна им е победа над Македонија. За разлика од нив, на Македонија ѝ е потребен само бод (зошто да не и победа), но и покрај тоа нашите шанси се 41,6%.
Сепак, нашите шанси сега се далеку поголема за разлика од пред мечот помеѓу Лихтенштајн и Велс. До 18 часот имавме шанси од 35,2% за второто место, а сега тие пораснаа за цели шест проценти.



