12.8 C
Skopje
сабота, 18 октомври 2025

На македонското дерби во Шкотска немаше победник, Трапановски го „стресе“ Ренџерс (Видео)

Дуелот помеѓу Глазгов Ренџерс и Данди јунајтед во шкотското првенство, воедно беше и дуел на македонските репрезентативци – Бојан Миовски и Кристијан Трапановски. На крајот, македонското дерби во Шкотска заврши без победник, 2-2, а Трапановски успеа да го погоди во 66-тата минута за израмнување на 1-1.

Бојан Миовски одигра 90 минути за Глазгов Ренџерс со ефект од два шута кон противничкиот гол – еден надвор од рамките и еден блокиран.

За разлика од него, Трапановски само што влезе во игра успеа да се запише во листата на стрелците со удар од 20-тина метри. 26-годишниот фудбалер упати вкупно три удари кон противничкиот гол, од кои два во рамките и еден блокиран.

- Оглас -

Најнови вести