На Малком му требаа две минути да даде гол во ЛШ, но тоа не е рекорд

Барселона и на своето осмо гостување по ред во Италија не успеа да дојде до првата победа, но шпанскиот првак е првиот тим кој на две кола до крајот на мечевите по групи обезбеди пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.

При резултат 0-0, во 81-вата минута во игра влезе Малком, дебитант во елитното европско клупско натпреварување, а само две минути подоцна тој даде гол за водство на Барса од 1-0. Мечот заврши 1-1, но Малком даде еден од најбрзите голови во историјата за дебитант. Рекордот го држи Украинецот Конопљанка, кој даде гол само 19 секунди по првото влегување во игра на меч од ЛШ и овој рекорд можеби никогаш нема да биде соборен.

Да беше Лионел Меси во тимот на Барселона, за Малком сигурно немаше да има место во редовите на тренерот Ернесто Валверде, но овојпат тој максимално ја искористи шансата и за малку ќе беше јунак на Каталонците.

- Оглас -

Најнови вести