На Манчестер ј. ова никогаш му се нема случено

Манчестер јунајтед е еден од најконстантните клубови во Лигата на шампионите во последните 20-тина години. Најтрофејниот англиски клуб во овие две децении се радуваше на две европски круни, а двапати губеше и во финалето на ЛШ. Утревечер „црвените ѓаволи“ ги очекува голем предизвик. Ќе го играат реванш-мечот од осминафиналето во Лигата на шампиони против Пари Сен Жермен, и тоа на гостински терен на стадионот „Паркот на принцовите“ во Париз.

По првиот меч одигран на „Олд Трафорд“, Манчестер беше поразен со 0-2 и со тоа речиси ги загуби сите шанси дека може да игра во четврт-финалето. Ако се гледаат коефициентите во обложувалниците, дури ни чудо не може да го спаси Манчестер. За поминување на ПСЖ во следната фаза, коефициентот е само 1,02, додека за Манчестер да игра во следната фаза од ЛШ, коефициентот во спортските обложувалници на Sport Life е дури 15.

Дека оваа огромна разлика е реална зборува и фактот дека ПСЖ сезонава има само два порази во 44 меча во сите натпреварувања. Според играчите со коишто располагаат двата тима, „светците“ со уште една победа треба да ја довршат работата започната во Манчестер.

Дури и традицијата вели дека Манчестер нема што да бара во Париз. Досега само трипати Манчестер првиот меч од нокаут-фазата го губел на свој терен и во реваншот не успеал да се врати. Не само што не ја достигнал негативата, туку во сите три случаи Манчестер повторно загубил. Тоа се случи во 2001 година во четврт-финалето против Баерн Минхен (0-1, 1-2), во осминафиналето против Милан во 2005 година (порази од 0-1, 0-1), како и од Атлетик Билбао, но во Лигата на Европа, кога двапати загуби со по 23 и 12.

Кога се работи за мечеви од нокаут-фаза, во обложувалниците на Sport Life секогаш може да типувате и за тоа кој тим ќе продолжи понатаму. Од вечерва започнуваат возвратните мечеви во осминафиналето од ЛШ, а в четврток се играат и првите средби од осминафиналето во Лигата на Европа, па за поинтересно следење, типувајте и за тоа кој клуб ќе продолжи во следната фаза.

- Оглас -

Најнови вести