Навивачи на Манчестер јунајтед на натпреварот со Кристал палас, накиснаа на трибината иако седеа под покривот на „Олд Трафорд“.
По поразот од Палас, Црвените ѓаволи се на 10-тото место на премиерлигашката табела, а славниот клуб има и друг проблем, делови од покривот на стадионот не си ја вршат работата, па кога врне, и фановите се мокри бидејќи кровната конструкција пропушта вода.
Со видеото се испраќа порака до газдите на клубот, семејството Глејзер, да инвестираат пари во санација на покривот.
https://twitter.com/i/status/1708241316465828273