3130 Црвена ѕвезда – Војводина (18.00 часот)
Ова е финале на Купот на Србија и ќе се игра на неутрален терен во Заечар. Јасно е дека Црвена ѕвезда е огромен фаворит, белградските Црвено-бели одат по двојна круна откако одамна ја освоија титулата во лигата. Овие два тима се сретнаа меѓу себе и пред десет дена, во Белград, а резултатот беше 1-1. Сепак, денешниот меч е нешто друго, мотивите и притисокот се поголеми. Ѕвезда е тим кој повеќе од два месеца и дава и прима гол на секој меч. Тимот од Нови Сад девет години нема победа против Ѕвезда.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.93)
5665 Ал-Наср – Ал-Халиџ (18.10)
Тимот за којшто игра Кристијано Роналдо има разочарувачка сезона во саудиската лига, само четврти се на табелата, може да завршат и трети или петти, но на последниот домашен меч ќе сакаат да победат. Ал-Наср има 27 бода повеќе од Ал-Халиџ, кој е десетти на табелата и најпознат играч им е Гркот Фортунис. Ал-Наср повеќе од еден месец не победил дома, но последните два меѓусебни дуели со Ал-Халиџ ги доби со по 3-1, и на двата меча Роналдо даваше по два гола.
Предлог тип: 1 & 3-5 (1.92)
1701 Мец – Ремс (20.00 часот)
Мец како третопласиран во втората француска лига ќе се обиде да се пробие во Лига 1 преку овој бараж против Ремс, кој беше 16-ти во првата лига и претрпе три порази во последните три кола, па се доведе во ситуација да стравува за прволигашкиот статус. Ова е прв меч од баражот, за осум дена ќе има реванш на теренот на Ремс. Квотите велат дека благи фаворити се домаќините, а традицијата е на нивна страна, Ремс не знае за победа на гости против Мец.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.09)
3012 Јуве Стабија – Кремонезе (20.30 часот)
Во лигашкиот дел од сезоната во италијанската Серија Б, Јуве Стабија беше на петтото, а Кремонезе на четвртото место. Ова е прв меч од полуфиналето во разигрувањето за влез во елитната Серија А, реваншот е за четири дена во Кремона. Седум од последните осум меча на Јуве Стабија беа со 0-2 гола. Овој клуб никогаш не го победил Кремонезе, а минатиот месец одиграа 1-1, додека есеноска Кремонезе како гостин победи со 2-1.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (3.00)
6023 Тотенхем – Манчестер ј. (21.00 часот)
Финалето на Лигата на Европа се игра во Билбао и победникот добива многу пари и влез во Лигата на шампионите, а поразениот останува без излез во Европа следната сезона. Двата тима тотално разочараа во Премиер лигата, но во ЛЕ стигнаа до мечот за титула и може да се очекува беспоштедна борба. Јунајтед до ова финале дојде без пораз. Двата тима имаат голем број повредени играчи. Лондонските Петли сезонава трипати го победуваа Јунајтед, двапати во Премиер лигата и еднаш во Лига купот. Последната победа на Црвените ѓаволи над Тотенхем беше во 2022 година.
Предлог тип: Х2 & ГГ (2.40)