35.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

На Манчестер сити во текот на сезоната ќе му бидат одземени до 40 бода?

Англискиот шампион Манчестер сити би можело да претрпи катастрофален удар и да загуби до 40 бода во текот на оваа сезона ако биде прогласен за виновен за кршење на правилата за финансиски ферплеј.

Според медиумите во Англија, одлуката за овој случај може да биде донесена во текот на сезоната, што потенцијално би го променила и целиот нејзин изглед.

Ако Манчестер сити во моментов биде казнет со една таква санкција, тимот би паднал на последното место на табелата само со еден бод бидејќи во моментот има 41 поен.

Манчестер сити се соочува со 115 обвиненија за прекршување на правилата за финансиски ферплеј, а пресудата за овој случај се очекува да биде донесена во наредниот период.

- Оглас -

Најнови вести