Баерн Минхен со убедлива победа стартуваше во првиот меч од подготовките за новата сезона. Баварскиот гигант со 6:2 го победи тимот на ДЦ Јунајтед, а дебитантски настапи и тоа со погодоци имаа новите засилувања Садио Мане и Матијс де Лихт.
Уште во првите минути од мечот беше досуден пенал за Баерн, а одговорноста да го шутне пеналот ја презеде Мане, кој успешно ја затресе мрежата на противничкиот голман. На Мане му беа потребни помалку од пет минути игра во дресот на Баерн за да се израдува на првиот гол.
https://twitter.com/i/status/1549905596530524160
До крајот на првото полувреме погодија и Сабицер и Гнабри за водство на фаворитот од 3:0.
На почетокотна второто полувреме во игра кај Баерн влезе Матајс де Лихт и неполни две минути откако истрча на теренот, холандскиот стопер успеа да го постигне и првиот гол во дресот на баварскиот гигант.
https://twitter.com/i/status/1549920209812615169
До крајот на средбата Баерн даде уште два погодоци, а во второто полувреме два пати се израдуваа и фудбалерите на ДЦ Јунајтед, па резултатот на крајот беше 6:2 за европскиот тим.