На Мане во Баерн му се случува тоа од кое сите се плашеа

Баерн Минхен летово покажа дека е финансиски моќен да доведе големо засилување и го „украде“ Садио Мане од Ливерпул. Мане неколку години играше одлично во Ливерпул и заедно со Мохамед Салах беа одличен тандем во нападот, па малкумина веруваа дека може да се растури ова дуо.

Сепак, Баерн за 32 милиони евра го купи Мане, а почетокот во новиот тим беше како од сон за Сенегалецот. Мане даде три гола во првите три меча за баварскиот гигант, но потоа едноставно го снема и пет натпревари нема постигнато погодок.

На Мане му се случува тоа од што многумина се плашеа, а тоа е да не се адаптира најдобро во новата средина. Некогашниот германски репрезентативец Дитман Хаман објаснува дека точно знае како му е на Мане. Хаман пет години играше за Баерн Минхен, а потоа од 1999 до 2006 годна го носеше дресот на Ливерпул.

„Уште се нема вклопено. Го гледав Ливерпул каде Мане играше на средината. Тоа не е негова позиција, а сега игра на истата позиција во Баерн Минхен. Најдобро игра кога се уфрла од крило. Сега воопшто не е среќен, за разлика од други играчи како Сане и Мусиала кои играат одлично. Сите го заборавија Мане. Изгледа дека е изолиран од остатокот од тимот, како воопшто да не учествува во играта. Баерн мора нешто да превземе околу тоа“, објаснува Хаман.

- Оглас -

Најнови вести