На „Мараси“ резултатот го кроеше ВАР, а на крајот Џенова му „скина“ бод на Интер (Видео)

Италијанскиот првак Интер испушти победа на гостувањето кај Џенова и одигра само 2-2 на стадионот „Мараси“. Во 95.минута, по прегледување на ВАР снимката беше досуден пенал за домаќинот, Јан Зомер го одбрани ударот на Месијас Жуниор, но истиот фудбалер натрча на одбиената топка и ја испрати во мрежата.

И вториот гол на Интер се прегледуваше преку ВАР. Маркус Турам погоди во 85.минута, беше досуден офсајд, но по „премерувањето“ голот беше признат.

Џенова поведе со голот на Алесандро Вољако во 20.минута, а израмни Маркус Турам десет минути подоцна.

Парма и Фиорентина одиграа 1-1. Денис Ман во 22.минута го отвори резултатот во корист на Парма, а израмни Кристијано Бираги во 75.минута.

- Оглас -

Најнови вести