Пари Сен Жермен води со 1:0 од 13-тата минута во полуфиналето во Лигата на шампионите против Лајпциг во Лисабон. Бразилската комбинација Нејмар-Маркињос беше добитна во баксузно време, но за Лајпциг во 13-тата минута.
Нејмар нафрли прецизно во шестнаесетникот на германскиот тим, а Маркињос беше највисок и со удар со глава погоди за 1:0.
Ова е второ полуфинале за ПСЖ во Лигата на шампионите и прво за Лајпциг, а се игра на неутрален терен, на „Луж“ во Лисабон.