Газење со ѓон врз глужд на противник, намерно или ненамерно, во фудбалот се казнува со црвен картон, но очигледно не секогаш.
Има привилегирани како Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, кој за груб фаул врз зглобот на Сансет од Билбао, не само што не беше исклучен, туку не доби ни жолт картон.
https://twitter.com/i/status/1755348822610297330
Во земјата на Гризман, Франција, судиите подобро гледаат отколку во Шпанија, па вакви прекршоци не се простуваат. Фудбалер на Брест имаше старт за во затвор над Килијан Мбапе и веднаш беше исклучен. За среќа на ѕвездата на ПСЖ, не се здоби со тешка повреда, иако веројатно беше на милиметри или сантиметри од такво нешто.
Беше болно за Мбапе, но среќата му беше сојузник, па тој успеа да го доигра мечот до крај:
https://twitter.com/i/status/1755346767887958277