На Мбапе му е доста од лагите на „Марка“: Нема вистина во нивните пишувања

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, конечно се огласи во медиумите откако вчера неговиот тим со 1:0 го совлада Олимпик Марсеј во дербито на Лига 1 и ги демантира написите во шпанските медиуми.

Францускиот репрезентативец го демантираше пишувањето на „Марка“, која на денот кога ПСЖ играше против Бенфика во Лигата на шампионите, по којзнае кој пат пласира вест дека Мбапе е незадоволен во ПСЖ и дека ќе си оди уште во зимскиот преоден рок.

„Многу сум среќен, никогаш не побарав да си заминам во јануари, ниту пак разбрав зошто таа информација излезе на денот кога игравме против Бенфика. Бев шокиран како и сите останати. Има луѓе кои можеби мислат дека сум вмешан во сево ова, но тоа не е вистина. Совеста ми е чиста, моите претставници беа на натпреварот на мојот помал брат и не беа во моја близина, па поради тоа се изненадивме кога го слушнавме ова. Морам да кажам дека сето тоа што се пишува во медиумите не е вистина и јас сум среќен во ПСЖ. Јас сум фудбалер, важно ми е да играм и да давам максимум на секој натпревар. Ако почнам да правам многу работи одеднаш, брзо ќе се заморам. Кога играте за ПСЖ, знаете каде сте, дека ќе има и добри и лоши работи. Мора да бидете подготвени, тие што доаѓаат тука ги предупредуваме за тоа, изјави Мбапе.

Веднаш по објавата на „Марка“, започнаа шпекулациите за идниот клуб на Мбапе и освен Реал, шпанскиот весник во приказната го уфрли и Ливерпул, кој наводно бил подготвен да понуди размена, Мохамед Салах за одличниот француски напаѓач.

- Оглас -

Најнови вести