На меч од аматерска лига во Англија имаше над 50.000 гледачи, а на теренот се случи чудо (Видео)

Олдам и Саутенд Јунајтед одиграа натпревар за паметење. Тоа беше натпревар за влез во 4-то ниво на англискиот фудбал, т.н. Втора лига, што е првиот ранг што се смета за професионален на „Островот“. Олдам победи со 3-2 по продолженијата во неверојатен натпревар, со што обезбеди пласман во лигата.

Тешко е да се опише колку беше фасцинантен натпреварот. Прво на сите, беше соборен рекордот за број на гледачи во плејофот од Националната лига (петто ниво), со дури 52.115 навивачи на трибините на иконскиот „Вембли“.

Вреди да се напомене дека Олдам е град во метрополитенската област на Голем Манчестер со население од 246.000 жители, а Саутенд е од градот Саутенд-он-Си, кој има население од околу 180.000 жители.

 

Навистина невиден подвиг за аматерскиот фудбал да има толку многу гледачи, а навивачите тврдат дека бројката би била уште поголема доколку немало ограничувања за купување билети.

Освен на трибините, интересно беше и на теренот. Саутенд поведе во 5-тата минута со автогол на Емануел Монте и го задржа тоа водство до 48-мата минута кога 37-годишниот Џо Гарнер израмни со пенал.

Нерешено остана по 90 минути, што значеше дека мора да се играат продолженија. Саутенд поведе во 91-вата минута преку Леон Чемберс-Павилон чиј гол ги доведе навивачите на клубот од Југоисточна Англија во тотален делириум, но тоа не траеше долго.

Олдам постигна два гола во рок од 90 секунди и го сврти резултатот во своја корист. Стрелци на головите беа Џејмс Норвуд и Киан Харат, кои ја погодија мрежата веднаш под трибините со навивачите на Олдам во 108 и 110 минута.

Интересно е дека Олдам обезбеди влез во професлионалните лиги, иако ја завршија сезоната на 7-мо место, односно имаше дури 23 бодови помалку од Саутенд, но победи денеска, кога беше најпотребно.

Олдам се врати во четвртата лига за прв пат од сезоната 2021/22 и нема сомнение дека оваа средба нивните фанови ќе ја памтат уште долго.

- Оглас -

Најнови вести