На меч во Бразил, голови и шоу на идни играчи на Реал и Барселона (Видео)

Атлетико Паранаенсе и Палмеирас вечерва одиграа интересен меч од бразилската Серија А, кој заврши 2-2, а мина во знакот на Ендрик кој од следното лето ќе му се приклучи на Реал Мадрид и Витор Роке, за кого е заинтересирана Барселона и сака да го купи.

Младиот Ендрик, кој има 16 години, веќе е ѕвезда на Палмеирас, но во раната фаза на мечот утна пенал кој лошо го изведе. Сепак, се извади малку подоцна, кога даде гол со глава иако топката одеше многу ниско. Танцот при прославата на голот исто така предизвика внимание.

Палмеирас водеше и со 2-0, но по црвениот картон на Гарсија, мечот отиде во друг правец, Атлетико набрзина изедначи на 2-2, а вториот гол го даде Витор Роке.

Ботафого на дебито на новиот тренер Касапа со 2-0 го доби градското дерби против Васко да Гама и се зацврсти на првата позиција со седум бода пред вториот Гремио.

Ова е голот на Ендрик, подолу и прославата:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести