На мечеви со многу измени и шарени состави, подобро да се игра на голови

Ливерпул – Севилја (00.00 часот)

Средбата се игра во Бостон, а треба да се знае дека Ливерпул е без ударното напаѓачко трио, додека Севилја е комплетна, но тренерот Лопетеги ќе сака сите да ги уфрли во игра и да види од кого што може да очекува. За андалузијците ова е трета контрола летово, а на привте два меча победија против Далас со 3-1 и 2-1 против Рединг. Ливерпул ги надигра Транмер и Брадфорд сити, а загуби од Борусија Дортмунд.

Предлог тип: ГГ и 4+ (2.30)

 

Синсинати – Њу Ингланд револушн (00.00 часот)

Синсинати е последен на табелата во источната конференција, а дури од 7 април наваму нема нерешен резултат. Њу Ингланд е во подобра форма, има три победи и две ремија на последните пет меча. Но, Синсинати како гостин ја победи „револуцијата“ со 2-0 на нивниот претходен меѓусебен дуел во март.

Предлог тип: Х2&2+ (1.55)

 

Орландо сити – Њујорк Ред бул (01.30 часот)

Двата тима играат мнигу променливо и тука нема фаворит. На Орландо бодовите му требаат за да се вмеша во трка за плејофот. Ред бул од 26 мај нема играно меч со помалку од три гола. Последните два меѓусебни дуели завршуваа со по 1-0 за двата тима по еднаш. Од 2016 наваму не одиграле нерешено меѓусебе, можеби сега ќе се прекине традицијата.

Предлог тип: Х (3.40)

 

Сиетл – Портланд (03.30 часот)

Соседите од северо-западот на САД имаат различни амбиции. Сиетл е трети на Западот со шанса да се искачи и на второ место, а Портланд заостанува пет бода од екипите кои се во плејоф зоната. Портланд на последните пет меча има три победи и две нерешени игри, додека Сиетл има три победи и два порази. Сиетл е фаворит, но и Портланд може да даде гол.

Предлог тип: 1 & 2-4 (3.10)

 

Аваи – Гојас (00.00 часот)

На полноќ ќе се игра фудбал и во бразилската Серија А. Аваи е последен на табелата и после 10 кола не знае за победа, а има само четири бодови. Гојас е фајтерска екипа која не знае за нерешено, има пет победи и четири порази. Во минатото коло, Гојас беше декласиран од Фламенго со 1-6, но тешко дека ќе загуби од тим кој четири меча по ред нема дадено гол. Наша прогноза е дека барем едниот тим нема да ја затресе мрежата на противникот.

Предлог тип: НГ (1.63)

- Оглас -

Најнови вести