15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

На мечевите на Јувентус нема многу голови, Ливерпул е фаворит иако игра без Салах

1004 Борнмут – Ливерпул (17.30 часот)

Ливерпул е лидер на табелата во Премиер лигата со два бода предност пред Арсенал и Манчестер сити и се наоѓа во серија од четири победи по ред во сите натпреварувања, додека Борнмут на последните девет меча има дури седум победи и по еден пораз и реми. Ливерпул ќе настапи ослабен, Клоп во следниот период ќе мора да игра без Мохамед Салах кој со Египет игра на Африканскиот куп на нации, а повредени се и Александер-Арнолд и Робертсон. На последните десет меѓусебни дуели, Ливерпул победил дури деветпати и има само еден пораз, а интересно е што само на еден дуел имало помалку од три гола.

Предлог тип: 2 & 1+ I & 1+ II (2.20)

 

1307 Реал Мадрид – Алмерија (16.15 часот)

Кралевите по дуелите во Супер купот и во Кралскиот куп, се враќаат на настапите во Ла Лига каде Жирона, а не Барселона и Атлетико Мадрид засега им е најголем конкурент за првото место. Реал Мадрид има три победи по ред во Ла Лига и денеска е апсолутен фаворит против последнопласираната на табелата Алмерија која во 20 кола освои само шест бода и сè освен убедлива победа на Кралевите ќе претставува изненадување. На последните пет меѓусебни дуели кои се играле на „Сантијаго Бернабеу“ Реал славел на убедлив начин со 4:2,3:0, 4:0, 8:1, 4:2.

Предлог тип: 1-1 & 3-6 (2.03)

 

3006 Лече – Јувентус (20.45 часот)

Јувентус е главен конкурент на Интер во битката за титулата во Серија А и се наоѓа во серија од четири победи во низа. Лече се наоѓа на средина на табелата, но во последните четири кола има три порази и едно реми. Интересно е што во четирите победи на Јувентус, немало повеќе од три гола, а традицијата најавува дека не треба да се очекуваат многу голови вечерва. На стадионот „Виа дел Маре“ во Лече, на последните пет меѓусебни мечеви само еднаш биле постигнати три гола.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.20)

 

1809 Борусија М. – Аугсбург (17.30 часот)

Борусија Менхенгладбах во првиот меч во 2024 година со убедливи 3:1 го победи Штутгарт и е фаворит да дојде и до втората победа по ред. Противник на Борусија е Аугсбург кој минатиот викенд беше поразен од Баер Леверкузен. Борусија на последните пет меѓусебни меча на „Борусија парк“ има четири победи и едно реми и на сите постигнуваше голови.

Предлог тип: 1 & 1+ прво (2.30)

 

1309 Жирона – Севиља (21.00 часот)

Жирона е хит во Ла Лига се наоѓа на лидерската позиција на табелата и воедно е најефикасна екипа со 46 постигнати голови на 20 натпревари. Реал Мадрид има шест гола помалку од 19 меча, додека Барселона иима дадено дури десет гола помалку. Севиља игра очајно сезонава и се наоѓа на 17-то место со само еден бод повеќе од зоната на испаѓање и има дадено речиси двојно помалку голови. Жирона во 2024 година одигра два меча пред своите гледачи и даде седум гола, 4:3 беше против Атлетико Мадрид во Ла Лига и 3:1 против Рајо Ваљекано во Кралскиот куп.

Предлог тип: Т1 1+ I & Т1 2+ (2.23)

- Оглас -

Најнови вести