3005 Аталанта – Комо (20:45 ч.)
Аталанта на три од петте меча сезонава одигра со резултат 1:1, а Комо два пати во првите пет меча играше со истиот резултат. Тоа е доволно да се констатира дека се работи за екипи кои даваат, но и примаат голови.
Минатата сезона Комо славеше во Бергамо со 3:2, а потоа Аталанта на гости возврати со триумф од 2:1, што е само уште еден доказ дека треба да има погодоци.
Предлог тип: 1-3 I & 3+ (2.23)
1806 Ајнтрахт Франкфурт – Баерн Минхен (18:30 ч.)
Нема дилеми дека Баерн е фаворит за победа, но ќе биде интересно затоа што Ајнтрахт сезонава има моќен напад и во првите пет кола постигна дури 17 голови (над три гола по меч). Единствено Баерн има појак напад со 22 погодоци, што е најава дека ова треба да биде средба со гол-шоу.
Дури и традицијата вели дека на последните четири меѓусебни пресметки вкупно биле постигнати дури 19 голови, односно речиси пет погодоци по меч.
Предлог тип: ГГ4+ (1.81)
1305 Реал Мадрид – Вилјареал (21 ч.)
Дерби на колото во Шпанија. Реал е со 18 бодови од седум меча, а Вилјареал е веднаш зад Кралевите со 16 бодови. Со само пет примени гола, Вилјареал ја има најдобрата одбрана во лигата, но ќе биде вистински предизвик да се сопре фуриозниот напад на Реал.
На четири од последните шест дуели на овие ривали имало пет или повеќе голови. По убедливиот поразот на Реал од Атлетико со 5:1, мадридскиот гигант сега не смее да дозволи нок кикс.
Предлог тип: 1-1&4+ (3.75)
1633 Цволе – ПСВ Ајндховен (20 ч.)
ПСВ секако е еден од фаворитите за титулата, а Цволе сезонава ќе се бори да не испадне од холандската лига. Гигантот од Ајндховен имаше 18 победи по ред против Цволе, а во јануари оваа година таа низа заврши кога Цволе славеше со 3:1.
Низ историјата, средбите на овие два клуба изобилуваат со голови.
Предлог тип: Т2 1-3 I & 1-3 (1.88)
1955 Галатасарај – Бешикташ (19 ч.)
Безгрешна е Галатасарај и има седум победи во исто толку меча сезонава во турското првенство. Тимот има најдобар напад и најцврста одбрана, но сепак, кога се работи за големо градско дерби како ова, секогаш може да е неизвесно.
Немало нерешено во последните 11 мечеви на овие ривали (Галатасарај шест победи, Бешикташ пет триумфи). Ова доволно покажува дека дербито се игра без никакви калкулации.
Предлог тип: 1X&2-4 (1.86)