2704 Илвес – ВПС (17.00 часот)
Илвес е на трето место во финската лига само со четири бода помалку од лидерот Интер Турку, плус тоа Илвес е најефикасен тим во лигата со 33 погодоци на 15 меча, па поради овие работи е фаворит против ВПС, кој е седми и има црна серија од три порази по ред. ВПС на претходните три меча примаше по два гола. Илвес разнишан влегува во мечот откако пред четири дена беше разбиен со 0-6 од Шахтар во квалификациите за Лигата на Европа, па ова им е шанса да си ја вратат самодовербата. На последните четири меѓусебни дуели на Илвес и ВПС, никогаш не било нерешено. Во мај, кога ВПС беше домаќин, ВПС го победи Илвес со 1-0.
Предлог тип: 1 & 2-4 (2.35)
2437 Ботошани – Фарул Констанца (18.00)
Ова е меч од првото коло во новата сезона во романскиот шампионат и треба да покаже која од овие екипи подобро се спремила во подготвителниот период. Ботошани ги загуби сите три пријателски мечеви, но играше со силни ривали како Јаблонец, Металист и Викторија П’лзењ. Фарул ниеднаш не одигра нерешено на пет контроли, на последната пред десет дена победи со 3-0 против Раднички Ниш. Во минатата сезона, кога два тима се сретнаа во Ботошани, резултатот беше 4-3 за домашните. Фарул од 2021 година нема победа во Ботошани.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.94)
2607 Сириус – Мјалби (19.00 часот)
Сириус е во долниот дел на табелата, се бори за опстанок, а Мјалби е прв по 15 одиграни меча и може да се зацврсти на врвот пред вториот Хамарби, кому може да му побегне четири бода. Мјалби е најефикасна екипа, а исто така никој нема ни примено повеќе голови од нив. Мјалби има само еден пораз сезонава, а Сириус има седум порази на 14 настапи. Минатата сезона, кога Сириус беше домаќин, одиграа нерешено 1-1. Сириус има серија од шест меча по ред со ГГ и 3+ голови, а последните четири меча на Мјалби беа со 0-2 гола.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.84)
2840 Акранес – КР Рејкјавик (21.15 часот)
Акранес е интересен тим кој сезонава нема ниту еден нерешен резултат, а одигра веќе 14 меча во исландската лига. Со четири победи и десет порази, Акранес е последен на табелата. КР Рејкјавик има три порази во последните четири кола и четири бода повеќе од Акранес. КР Рејкјавик е тим со најмногу примени голови во лигата, но се и втор најефикасен тим, имаат дадено дури 20 гола повеќе од денешниот противник. Во април, кога КР беше домаќин, тимот од Рејкјавик славеше со 5-0, но лани во јуни, кога КР последен пат гостуваше кај Акранес, загуби со 1-2.
Предлог тип: 2 & 4+ (2.75)
4204 Деп. Риестра – Ланус (21.30 часот)
Ова е меч од првото коло во групата Б на аргентинската клаусура. Секако, Ланус е поголемо име, игра и во Копа Судамерикана, но традицијата е на страната на Депортиво Риестра, кој го победуваше Ланус со по два гола разлика во двата меча од минатата сезона. Двата тима имаа пауза од два месеца, не се знае во каква форма влегуваат во битката, па кај овој пар веројатно подобро е да се одигра нешто на голови.
Предлог тип: 1+I & 2+ (2.25)