На мегдан многу славни фудбалски клубови, пет меча кои носат одлична квота

Пет интересни дуела од мечевите кои ќе се играат во Лигата на Европа и Конференциската лига се дел од денешната понуда во Квотите на денот. Доколку сите пет понудени комбинации се одиграат заедно на еден тикет, вкупниот коенфициент кој ќе го добиете е 38.87.

Тотенхем гостува во Холандија на АЗ Алкмар и потребно е да не загуби во меч на кој двата тима ќе постигнат гол. Оваа комбинација се вреднува со коефициент 2.15.

Реал Сосеидад го пречекува Манчестер јунајтед во дерби-дуелот. Тука се очекува победа на еден од двата тима и најмалку два погодоци, комбинација која е со точно квота два.

Челзи треба да победи на гости кај Копенхаген во меч на кој ќе има најмалку еден погодок во првото полувреме и да биде добитна опцијата која се вреднува со коефициент 2.10.

Најмалку по еден гол треба да има во двете полувремиња на пресметката на „Олимпико“, каде што Рома е домаќин на Атлетик Билбао за да биде добитна квотата со 2.05.

Ајакс во Амстердам ќе игра против Ајнтрахт Франкфурт и тука треба да има од еден до три погодоци во првото полувреме, а на крајот од средбата треба да има 3+ голови. Оваа комбинација е со квота од 2.10.

- Оглас -

Најнови вести