Македонската кошаркарска репрезентација вечерва (19:30 часот) гостува кај светскиот шампион Шпанија, во натпревар кој ќе се одигра во рамките на петтото коло во квалификациите за Мундобаскетот 2023.
Избраниците на Драган Бајиќ сè уште се во потрага по првата победа во овие квалификации, но за вечерва шансите за таква сензација се минимални. Сепак, тестот во Сарагоса ќе биде добредојден за да се оцени до каде е напредокот на нашата селекција која за овој прозорец се пријави со подмладен состав.
Враќањето на Андреј Јакимовски по подолг период е освежување какво што ни е потребно, а тука е и наследникот на нашата икона Врбица Стефанов, неговиот син Рубин, кој на 17 години добива шанса да дебитира во сениорскиот дрес.
Македонија го загуби првиот меѓусебен дуел против Фуријата од овие квалификации, кој се одигра во Скопје при резултат 65:94. Ако можевме во „Јане Сандански“ да постигнеме повеќе од 60 поени, можеме и вечерва во Сарагоса да ја стигнеме одредената граница.
Во Sport Life границата за типот T2 е 58,5 поени, при квота 1.79 за постигнување повеќе поени од дадениот збир, што значи дека нашите кошаркари треба да постигнат барем по 15 поени во четвртина за да биде добитен типот.