14.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

На мегдан се пет гиганти од пет различни првенства

3008 Лече – Интер (18 ч.)

Нема дилема дека гостите се фаворити за победа, но Лече дома игра солидно и сезонава во 12 меча има загубено само три пати. Сепак, Нераѕурите играат шампионски и сигурно дека и овојпат ќе бркаат освојување три бода. Сезонава Интер во 12 гостувања има 10 победи и две нерешени без ниту еден пораз.

Интер има четири победи и едно реми во последните пет меча против Лече, а на четири од тие пет дуели на крајот имало од 2-3 гола.

Предлог тип: 2&2-4 (2.18)

 

1807 Борусија Дортмунд  – Хофенхајм (17:30 ч.)

Традицијата вели дека Борусија Дортмунд е голем фаворит затоа што има шест победи по ред против овој ривал. Хофенхајм е во лоша форма и нема победа уште од 8 декември минатата година, но благодарение на добриот старт на сезоната, тимот уште е фомотен на средината од табелата.

Двата тима играат офанзивен фудбал, но тоа често дава можност и противникот да ги матира, па едноставно може да се очекуваат погодоци на двете страни.

Предлог тип: 1&3+ (1.76)

 

1309 Реал Мадрид – Севилја (21 ч.)

Реал има две реми во последните три кола во Примера, но и покрај тие два кикса, тимот на Карло Анчелоти е комотен на врвот на табелата. Севилја која имаше очаен старт и во еден период беше и во зоната за испаѓање, полека се искачува кон средината на табелата.

Традицијата вели дека на шесте последни меѓусебни дуели секогаш двата тима постигнувале барем по еден гол, а дури пет пати било ГГ3+.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.81)

 

1544 Рио Аве – Спортинг (21:30 ч.)

Спортинг победи на последните осум меча во првенството, но и покрај тоа, тимот мора да продолжи во ист ритам затоа што уште е втор ан табелата, зад градскиот ривал Бенфика.

Рио Аве кој се бори за опстанок, во последните пет меча против Спортинг нема постигнато ниту еден гол и загуби во сите пет средби.

Предлог тип: 2-2&2-4 (2.85)

 

1959 Истанбулспор – Бешикташ (17 ч.)

Бешикташ игра лоша сезона и веќе заостанува дури 26 бода зад лидерот Галатасарај. Сепак, денеска Бешикташ ќе ја има улогата на фаворит затоа што гостува кај „фенерџијата“ Истанбулспор.

Речиси по два гола во просек прима Истанбулспор сезонава и ова е шанса за Бешикташ да ја прекине низата од три меча без победа на гостински терен.

Предлог тип: 2&0-3 (2.50)

- Оглас -

Најнови вести