На менито стигнаа и мечевите од најсилните лиги во Европа

1007 Вест хем – Астон вила (18:30 ч.)

Астон вила се надева дека во новата сезона ќе продолжи таму каде што заврши во минатото првенство, кога беше на четвртото место и обезбеди место во Лигата на шампиони. Вест хем секогаш е незгоден ривал, кој посебно ретко губи дома.

На осум од последните девет меѓусебни дуели дватга тима постигнувале барем по еден погодок, што значи дека завршувале со комбинација „гол-гол“.

Предлог тип: ГГ3+ (1.79)

 

1705 Монако – Сент Етјен (21 ч.)

Монако имаше одлична увертира пред почеткот на новото првенство откако со 3:0 ја победи Барселона на гости. На последните четири меча меѓу Монако и Сент Етјен имало барем по четири погодоци.

Зa Сент Етјен ова ќе биде враќање во елитното друштво и тоа откако во плејофот по голема драма го испрати Мец во Втора лига.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.76)

 

3003 Милан – Торино (20:45 ч.)

Нема дилеми дека фановите на Милан ќе очекуваат победа и три бода на стартот од новата сезона за Росонерите. Сепак, Торино е ривал за почит и гостите сигурно нема лесно да се предадат.

Ова е почеток на сезона, фудбалерите уште не се во најдобра форма и може ова да биде дуел кој ќе нема многу возбудувања и некој индивидиален потег да биде решавачки.

Предлог тип: 1Х&1-3 (1.81)

 

1306 Осасуна – Леганес (19 ч.)

Леганес како шампион од втората шпанска лига си обезбеди место во елитниот дел, а првиот предизвик е гостувањето во Памплома против Осасуна. На последните три меча на овие два тима Осасуна победувала, а и сега домаќинот е во улога на фаворит.

Сепак, се работи за две екипи кои немаат посебен квалитет, немаат апетити за висок пласман и секој бод ќе им биде значаен, па уште од стартот може да се почне со тактизирања.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.02)

 

1656 Мехелен – Андерлехт (20:45 ч.)

Мехелен нема победа по првите три кола, а Андерлехт е со два триумфи и реми, па јасно е кој тим треба да биде поблиску до освојување на бодови. Вистинско гол-шоу има на последните четири дуели на овие два тима и секогаш завршувале со ГГ4+. Андерлехт е тим кој игра офанзивно и дефанзивата на домаќините ќе биде на важен тест.

Предлог тип: Т2 1+I & T2 1+II (2.75)

 

- Оглас -

Најнови вести