На Меси му подготвуваат „зелени подароци“ и пекол на „Велодром“ (Фото)

За навивачите на Марсеј, најомразен ривал е Пари Сен Жермен, а откако потпиша за Светците од главниот град на Франција, непријател им стана и Лионел Меси. Аргентинската суперѕвезда вечерва првпат ќе гостува на „Велодром“, а таму го чека „свечен“ пречек.

Фановите од јужното француско пристаниште имаат испечатено катарски петродолари со ликот на Меси. Асоцијацијата е дека во ПСЖ дошол поради парите на Катарците, па затоа Меси вечер ќе биде гласно исвиркан секогаш кога ќе ја допре топката.

На трибините нема да има гостински навивачи, а бидејќи првпат ќе им гостува во дресот на ПСЖ, марсејците врз Меси најмногу ќе го истурат својот бес, како кога еден луд навивач облечен во дрес на Марсеј со навреда кон Меси на грбот, почна да шутира телевизори во продавница.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести