На Меси нема да му биде лесно, вечерва ќе игра против „газдата“ Бекам

Првиот натпревар на Светското клупско првенство помеѓу Интер Мајами и Ал-Ахли од Египет ќе биде интересен затоа што и на едната и другата страна ќе има по еден Бекам.

На едната страна е англиската легенда Дејвид Бекам кој е сопственик на Интер, а во редовите на египетскиот клуб има фудбалер со прекар Бекам и на дресот му стои Бекам. Вистинското име на „Бекам“ е Ахмед Рамадан.

Освен Бекам, за Ал-Ахли игра и Трезеге. Не Французинот Давид Трезеге, туку Махмуд Хасан познат како Трезеге кој е египетски репрезентативец и се врати во клубот после девет години играње во странство.

„Им кажав на моите агенти: или ќе се вратам во Ал Ахли или ќе се откажам од фудбалот. Се вратив за да победувам, а не за да се пензионирам“, изјави 30-годишниот Трезеге кој минатава деценија настапуваше за Андерлехт, Касимпаша, Астон Вила, Башакшехир, Трабзонспор и Ал-Рајан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести