18.8 C
Skopje
петок, 29 август 2025

На Меси не му се случило ова досега во кариерата

Лионел Меси од сезона во сезона претрпува големи разочарувања во Лигата на шампионите. Во Париз дојде со намера да ја освои Европа, но ќе треба да почека некоја друга прилика.

Можеби посрамни беа елиминациите од Рома, Ливерпул и Баерн кои ги имаше со Барселона, но и оваа од Реал Мадрид ќе се памети, поради начинот на кој ѕвездениот тим на ПСЖ испадна.

На Меси првпат во кариерата му се случува две сезони по ред да испадне уште во осминафиналето на ЛШ. Лани со Барса беше елиминиран од ПСЖ, а сега со ПСЖ е елиминиран од Реал. Против Кралскиот клуб, Меси има серија од девет меча без гол или асистенција.

- Оглас -

Најнови вести