Борусија Дортмунд го идентификуваше Феран Торес, младото крило на Валенсија како можна замена за Џејдон Санчо. На Милионерите им е јасно дека не ќе можат да го задржат одличниот Англичанец во своите редови уште долг период, па затоа скроија план за да доведат негова адекватна замена.
Феран во 2018 година потпиша договор со Лилјаците во кој му стои клаузула од 100 милиони евра, но Дортмунд ќе се обиде да изнуди попуст ако се знае дека договорот му истекува во летото 2021 година. Оваа сезона 20-годишниот Шпанец се наметна во првиот тим и настапи на вкупно 25 меча во кои реализира по четири гола и асистенции, со што примами интерес од неколку европски гиганти.
Дортмунд ќе има голема конкуренција за потписот на Торес од Јувентус и Ливерпул, но бундеслигашот најверојатно ќе има предност во преговорите бидејќи може да му понуди на Торес поголема минутажа од споменатите конкуренти.