Селекторот на македонската машка сениорска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, немаше друг избор освен да упати повик до левото крило на Еурофарм Пелистер, Петар Атанасијевиќ, за престојните контролни натпревари против Јапонија во рамки на ЕХФ неделата.
Атанасијевиќ беше резерва на списокот на Лазаров, но по откажувањето на Дејан Манасков, ќе добие шанса да игра на левата крилна позиција каде ќе биде и Иван Џонов.
Македонија против Јапонија ќе игра затворен меч на 31-ви октомври, а потоа на 1-во ноември во Куманово со публика.
Инаку Петар Атанасијевиќ беше дел од македонскиот состав на Светското првенство во Вараждин зимоска.


