По неуспехот во европските натпреварувања и киксот во домашното првенство против Победа, тренерот Гоце Седлоски си поднесе оставка на тренерското место во Шкупи. Чаирчани експресно најдоа замена за Седлоски, па од утрово главен на тренингот на македонскиот првак е Гокхан Бозкаја.
Се работи за турски тренер кој минатата сезона работеше во младинските категории во тамошниот гигант Фенербахче. Бозкаја и претходно се споменуваше како можен тренер во Шкупи, а според најавите, тој засега ја има улогата на ВД стратег и ќе го предводи тимот на неделниот меч против Брегалница во Штип, во дуел од шестото коло на Прва македонска лига.