Откако ги шокираше Манчестер јунајтед и Тотенхем, тимот на Мидлсборо повторно ќе има пеколно тешка задача во ФА купот во Англија. Ждрепката за четвртфиналето одреди популарниот Боро да му биде домаќин на Челзи.
Во 1997 година тие два тима се сретнаа во финалето, но сега ситуацијата е поинаква, Мидлсборо е второлигаш, а Челзи е европски првак.
Кристал палас го чека победникот од вечерашниот дуел Евертон-Борхем вуд, Ливерпул ќе гостува кај Нотингам форест или Хадерсфилд, а Манчестер сити има незгодно гостување кај Саутхемптон. Мечевите ќе се играат на 19 и 20 март.