Златан Ибрахимовиќ влезе како резерва во 55. минута и го одигра првиот меч за Милан во кам-бекот на „Сан Сиро“, но и тој не помогна многу за да падне Сампдорија.
Гостите од Џенова не се исплашија од Ибракадабра и со солиден настап освоија еден бод во ремито без голови. Уште една голема ѕвезда во италијанскиот фудбал, Кристијано Роналдо беше на препознатливо ниво и постигна хет-трик за Јувентус во победата од 4:0 против Калјари.
Симпатизерите на Јуве со свирежи ги испратија своите миуленици во соблекувална по првото полувреме, а Калјари добро се држеше во првите 45 минути и одиграа без голови.
Но, потоа следеше Роналдо шоу со хет-трик, а головите ги нижеше во 49., 67., и 82. минута. Третиот гол во 81. минута за Јувентус го постигна Игуаин, а Старата дама повторно е на врвот по 18 кола со 45 бода, три повеќе од Интер, но со меч повеќе.
Убедлива беше и Аталанта, а со петарда во Парма ги испратија Кулушевски и соиграчите. Иличиќ беше стрелец на два гола, а пред него прецизни беа Гомес, Фројлер и Госенс.