На Милан никогаш не му било лесно во Белград

6022 Црвена ѕвезда – Милан (18.55 часот)

Немањето публика е голем хендикеп за белградските Црвено-бели и предност за Милан. Проблем на Милан е што ќе мора да калкулира со составот. Ибрахимовиќ се очекува да биде на клупата бидејќи викендов играат лигашко дерби против Интер, кое им е многу поважно од овој меч со Ѕвезда. Повредени се Брахим Дијаз кај Милан и Катаи кај Ѕвезда. Милан пред пет дена киксираше против Специја и мотивираниот српски првак може да даде гол, но и Росонерите не би требало да останат без постигнат гол. Милан никогаш не загубил од Ѕвезда (играле во 1988 и 2006 година), но секогаш било многу тесно и неизвесно.

Предлог тип: ГГ (1.86)

 

6026 Реал Сосиедад – Манчестер јунајтед (18.55 часот)

Шпанскиот тим ќе се обиде да ја искористи мини-кризата во Манчестер, но во европските мечеви не е секогаш пресудна моментната форма, туку и традицијата и големината на клубот. Овој меч нема да се игра во Сан Себастијан, туку во Торино и тоа е хендикеп за „домашните“. Џонс и Погба ќе ги нема кај Црвените ѓаволи. Овие тимови играа меѓу себе есента 2013 година и на двата меча за 180 минути падна само еден гол, во мрежата на Сосиедад. Типуваме дека нема да има гол во првите 29 минути од мечот, туку дека првиот гол ќе падне подоцна.

Предлог тип: 30-90 мин. (2.30)

 

6021 Брага – Рома (18.55 часот)

Ова е прв меѓусебен дуел на овие два клуба. Брага не знае за пораз од 23 јануари, кога загуби минимално од Спортинг во купот, додека Рома доби три од последните четири меча во Серија А, загуби само од Јувентус. Иако португалскиот тим игра добро во последно време, Волчицата е благ фаворит и реално има шанси да не претрпи пораз. Ѕаниоло и Смолинг се отсутни кај Рома, а според најавите, Џеко конечно ќе добие шанса да биде стартер, но поради кавгата со тренерот, нема да ја носи капитенската лента.

Предлог тип: Х2 & 2-3 (2.75)

 

6031 Бенфика – Арсенал (21.00 часот)

Според имињата на клубовите, ова е едно од дербијата на вечерта, но Бенфика и Арсенал во националните првенства многу заостануваат зад ривалите и речиси се без шанси да освојат титула дома, па утехата им е во што подобро претставување во Европа. Лисабонските Орли ќе го пречекаат Арсенал во Рим и тоа е проблем за нив. Традицијата на нивните меѓусебни дуели најавува дека ќе има гол на двете страни, но одамна не одиграле официјален меч во европските купови. Арсенал сезонава е опасен гостин во Лигата на Европа.

Предлог тип: 2 (2.37)

 

6033 Лил – Ајакс (21.00 часот)

Кај овој пар квотите за единица и двојка се многу блиски и тоа укажува дека претстои неизвесен меч. Лил е лидер во силната француска лига, а и Ајакс моментно е првопласиран и главен фаворит за титулата во Холандија. Ајакс нема пораз од 9 декември, кога загуби од Аталанта во ЛШ, додека Лил последен пат почувствува горчина на пораз на 6 јануари. Пред една и пол година Ајакс победи на гостувањето кај Лил со 2-0 во дуел од групната фаза во ЛШ.

Предлог тип: 2>1 (2.02)

- Оглас -

Најнови вести