На митингот во Париз од дијамантската лига соборени два светски рекорди

Етиопскиот атлетичар Ламеча Гирма, на митингот од дијамантската лига во Париз, собори светски рекорд на 3.000 метри стиплчез кој беше старт 19 години.

Гирма делницата од 3.000 метри ја истрча за седум минути, 52 секунди и 12 десетинки, што е за повеќе од една секунда од претходниот рекорд кој беше во сопственост на Саиф Саид Шахин од Катар (7:53,63).

Гирма на Светските првенства во 2019 и 2022 година го освои сребрениот медал во истата дисциплина, а беше втор и на Олимписките игри кои се одржаа во Токио во 2021 година.

Ова не е прв светски рекорд на митингот во Париз, неколку часа претходно, Кенијката Кејт Кипјегон го собори светскиот рекорд на трката на 5.000 метри.
Кипјегон пред една недела во Фиренца, Италија, го собори светскиот рекорд на 1.500 метри.

- Оглас -

Најнови вести