Младата репрезентација на Македонија го продолжува квалификацискиот циклус, но сега само како ревијален дел бидејќи веќе немаме шанси за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија.
Нашите млади фудбалери на возраст до 21 година ќе играат против Фарските Острови, на 29 март, во рамките на осмото коло од групата Х од квалификациите.
Мини-подготвките по поразот од Србија во Белград со 2:1 се на тренинг-центарот „Петар Милошевски”, каде што избраниците на селекторот Драги Канатларовски веќе одработија еден тренинг вчера.
Дуелот со Фарските Отрови ќе се игра утре, на националната арена „Тодор Проески” во 18 часот.
Во досегашните седум кола од тековните квалификации, Македонија има освоено шест бодови и е на четвртото место зад Франција, Украина и Србија и без шанси за второто место, кое води во дополнителен бараж за учество на ЕП 2023.