Вулверхемптон и Њукасл ги поделија бодовите при конечни 1-1 во мечот од четвртото коло во Премиер лигата, кој се одигра на „Молињу“ стадионот.
Двата погодоци го одбележаа мечот, беа прекрасни и се постигнаа на иста страна од теренот. Прв потегна Рубен Невеш, капитенот на домаќините, кога во 38-та минута со бомба од околу 25 метри донесе предност за Вулвс.
До спас од пораз Њукасл стигна со помош на својата можеби прва ѕвезда во екипата, крилниот офанзивец Алан Сент-Максиман. Брзоногиот Французин на истекот на 90-тата минута ја покажа својата техника откако високата топка ја начека на волеј од околу 18 метри и го закопа противничкиот голман во место, а топката силно се заби во мрежата.