8.8 C
Skopje
петок, 5 декември 2025

На Мундијалот ќе биде последната пресметка меѓу Меси и Роналдо

Лионел Меси и Кристијано Роналдо се двајцата фудбалери кои одбележаа две децении „владеење“, а нивното последно појавување на големата светска сцена се очекува да биде на Мундијалот кој ќе се игра следната година во САД, Мексико и Канада.

Денеска беа извлечени 12-те групи за Светското првенство, а веќе е познати и можниот „косур“ за нокаут фазата. Веќе започнаа калкулации дека Меси и Роналдо може да играат еден меѓу друг во четвртфиналето на СП 2026. Тоа може да се случи ако Аргентина и Португалија бидат првопласирани во своите групи.

За да биде тоа, освен да бидат први во своите групи, двете фудбалски велесили треба ги поминат и ривалите во шеснаесетфиналето и осминафиналето, за потоа да има мега пресметка меѓу двајцата фудбалери кои ги одбележаа овие 20-тина години. Тоа четвртфинале би се играло на 11 јули во Канзас.

Интересно е дека во четвртфиналињата може да има вистински шоу-пресметки, па освен Аргентина – Португалија, би можеле да играат и Франција – Холандија, Шпанија – Белгија и Бразил – Англија.

- Оглас -

Најнови вести