13.8 C
Skopje
четврток, 26 февруари 2026

На Мундијалот му се заканува организациски хаос, натпреварите може да траат и по два и пол часа

Светското првенство кое идното лето ќе се одржи во САД, Канада и Мексико ќе биде специфично по многу нешта.

Имено, за првпат ќе настапат дури 48 репрезентации, но можно е да дојде и до промена во времетраењето на натпреварите.

Организаторите, како што пренесуваат американските медиуми, стравуваат дека поради екстремни временски услови, мечевите би можеле да траат и по два и пол часа.

Причината е можноста за бури и прекини на натпреварите, поради што би се правеле паузи за разладување на фудбалерите.

Светската фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека акцентот ќе биде ставен на здравјето на играчите, но и дека публиката треба да биде подготвена на малку подолги натпревари од вообичаено.

Да потсетиме, натпревари беа прекинувани и на Светското клупско првенство минатото лето, кое беше генерална проба за Мундијалот.

Бурите и невремето би можеле да претставуваат сериозен проблем за одржувањето на шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести