Жозе Мурињо е единствениот тренер кој успеал да ги освои титулите во Лигата на шампиониte, Лигата на Eвропа и Конференциската лига. Повеќе од 20 години тој е дел од големата европска сцена, а Португалeцот сега се налути, па дури изјави дека размислува да се повлече и да биде тренер во некој многу помалку амбициозен клуб што нема да игра во европските купови.
Мурињо беше лут на судењето на синоќешниот дуел во Истанбул меѓу Фенербахче и Манчестер јунајтед, кој заврши 1:1. Тренерот на Фенербахче доби црвен картон, а по средбата, Мурињо рече дека нема да се жали на добиениот црвен картон за да не добие и шестмесечна суспензија.
„Ако се жалам, може да добијам и шестмесечна суспензија, па затоа тука нема што да се прави. Затоа мислам дека во иднина најдобро е бидам тренер во тим кој нема да се натпреварува во европските купови. Ако има клуб кој е на дното на англиската лига и му треба тренер на две години, нека ме побара“, рече Мурињо, кој во кариерата бил тренер и во Порто, Манчестер јунајтед, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Тотенхем и Рома.