На Мурињо му се заканија со отказ, а тој одговори на специјален начин со „покер“

Рома на убедлив начин стигна до трите бода на гостувањето кај Калјари откако Волчицата победи со 4:1, во меч од 8 коло на Серија А. Пред овој меч во италијанските медиуми имаше најави дека тренерот на Рома, Жозе Мурињо е под притисок дека неговиот тим мора да победи, инаку може да добие отказ.

Португалскиот стратег како многу пати досега покажа дека е најдобар кога е под најголем притисок, па неговиот тим многу брзо стигна до сигурно водство од 2:0, по само 20 минути игра.

Сите дилеми дека бодовите ќе патуваат во Рим беа решени во првите 15 минути од второто полувреме кога Рома постигна уште два погодоци и стигна до убедлива предност од 4:0. До крајот на средбата, Калјари постигна само еден почесен погодок.

По овој триумф Рома стигна до 11 бодови од осум кола, додека Калјари е закован на дното на табелата со само два бода.

- Оглас -

Најнови вести